Назад
Мила Рељиќ освои бронзен медал Европското првенство до 21 година во Букурешт

Мила Рељиќ ја круниса годината со бронзен медал на Европското првенство до 21 година во Букурешт, Романија.


Мила извојува три победи над противнички од Хрватска, Полска и Унгарија, а во полуфиналето загуби од унгарска репрезентативка.


„За нас Мила Рељиќ после четири тешки борби и три победи над Хрватска, Грција, Полска, во полуфиналето бевме поразени од извонредната Унгарка“, изјави нејзиниот тренер Александар Ефтимов и додава:


„Овој медал е резултат на секојдневниот труд и вложување во последниве години. Конкуренцијата во олимписките спортови е огромна и да се стигне до медал на Европско првенство, посебно за мала држава е епски успех. Следна цел се квалификациите за олимписките игри во Париз 2024“.


Ефтимов изрази благодарност до Македонската таеквондо федерација.


Во оваа категорија со злато се закити токму В. Мартон, „сребрена“ е нејзината сонародничка Луана Мартон, а бронзи имаат Рељиќ и Ирене Монтемуино од Шпанија.