Назад
Македонскиот каратист Стефан Стојанович го освои сребрениот медал на светската карате лига во Венеција, Италија

Во периодот од 07.12.2023 до 10.12.2023 година во Венеција, Италија  се одржува последниот турнир  од серијата турнири на Светската младинска карате лига. На овој престижен турнир Македонија  ја преставуваше и зема учество и еден дел од Младинскиот тим на нашиот најтрофеен Карате клуб “Макпетрол”.

IMG_7823

Каратистот на “Макпетрол” Стефан Стојанович +84 кг, го освои сребрениот медал од најмасовната и најквалитетна Светска карате лига за помлади сениори У21. Стефан влезе во финалето во највозрасната категорија на помлади сениори (У21), со четири последователни победи во елиминацискиот дел. Во финалето загуби со минимален резултат 0-1 и успеа да го освои сребрениот медал.

Тренерот на Макпетрол, Петар Заборски изјави: -Задоволни сме од настапот на сите каратисти од тимот на “Макпетрол”, успеавме да освоиме еден сребрен медал и остваривме два високи пласмани на 7 - мото место, успеавме да го продолжиме континуитетот на освојување на медали од најелитните карате натпревари, ова е вкупно 47-ми медал за нашиот клуб од најелитните Светски карате премиер лиги, во сениорска и младинска конкуренција. Во Венеција направивме одлична контрола и годината ја завршуваме со освоен светски медал, исто како и што ја започнавме со освоен медал од Светската премиер карате лига во Атина:-заврши Заборски


Резултати – Карате 1 Младинска лига Венција У-21 за спортистите од Макпетрол:

+84 кг

Стефан Стојановиќ – Михаил Бистричанов (Бугарија) 2-0

Стефан Стојановиќ – Амир Зуауи (Франција) 3-2

Стефан Стојановиќ – Жоакин Маркез Санчез (Венцуела) 1-0

Стефан Стојановиќ – Николаи Секот (Германија) 2-1

Финале

Стефан Стојановиќ – Данил Касијанов (Украина). 


Јована Мицовска (-61), извојува две победи во репасажот и беше на чекор да се бори за бронзениот медал, но загуби од Хрватката Ирис Ковач 0-5, со што го освои исто така 7-мото место.

Витомир Трајковски (-84), забележа три победи, а во четвртата загуби минимално 0-1 од Михаил Бугајов од Украина.


-84 кг

Витомир Трајковски – Буаза Беласри (Франција) 9-1

Витомир Трајковски – Лоренцо Бисол (Италија) 5-1

Витомир Трајковски – Симон Приевозник (Словачка) 2-1

Витомир Трајковски – Максим Бухајов (Украина) 0-1

Данило Божовиќ (+84кг)  во репасажот забележа две победа и пораз, така да го освои 7-мото место.

Данило Божовиќ – Светлин Занков (Бугарија) 5-1

Данило Божовиќ – Данил Касијанов (Украина) 0-1

Репасаж

Данило Божовиќ – Антонио Ијадареста (Италија) 1-0

Данило Божовиќ – Набил Беласри (Франција) 3-5


67 кг

Димитар Лозановски – Хамза Џабер-Раис (Белгија) 2-1

На Светската лига во Венеција беа пријавени рекордни 4133 натпреварувачки влезови од 81 држава.

IMG_7822