Назад
Работилница на тема Развој на лидерски вештини преку спорт

Се оддржа првата работилница на тема развивање на лидерски вештини преку спорт, на која учествуваа младинките од кошаркарскиот клуб Вардар. Учесничките имаа можност да научат повеќе околу тоа на кој начин спортот придонесува за зајакнување на девојките и за подобрување на нивните лидерски вештини особено вештините за донесување на одлуки, преземање на ризици, ефективна комуникација и вештини за преговарање, самодисциплина и многу други. Оваа работилница е во рамки на проектот ,,Зајакнување на девојки преку спорт ,, поддржан од Олимписка солидарност. Во следните месеци ваков вид на работилници ќе се одржат низ цела Македонија, со цел да поттикнеме и инвестираме во развој на идните лидерки во спортскиот сектор.