Назад
Кикбоксерот Илиоски во МОК
mok boks 2

Денес во посета на МОК беше златниот кикбоксер Бобан Илиоски, нов светски шампион во дисциплината Лоу Кик, заедно со селекторот на националниот тим, Дејан Митровски – Урко. Во финалето на Светското ВАКО првенство кое се одржа во Албуфеира, Португалија, во битката за светската титула, убедливо го победи Нурбек Уришбоев од Узбекистан.

mok boks 1


Илиоски имаше извонредна борба во категоријата до 86 килограми, убедливо со 3-0 победувајќи го Уришбоев во финалната битката на патот до светската круна.


Претходно во полуфиналето Илиоски извојува исто така убедлива победа од 3-0 против  Ељан Алкишиyев од Азербејџан.

mok boks 3


Македонскиот Олимписки комитет со големо задоволство ги поддржува и ќе продолжи со истата практика, да ги поддржува македонските шампиони.

Slika medal