Назад
Имплементација на лица со попреченост во спортско рекреативни активности
mon 1


Од 22-24 ноември во Лисабон, Португалија се одржа втор координативен состанок на Еразмус проектот ,,Inclusion and Diversity in and through Sport,, на кој се разговараше за сите изминати и идни проектни ангажмани за имплементација на лица со попреченост во спортско рекреативни активности на спортисти на возраст од 10-20 години.

mon 2


Во проектот учествуваат како координатор Франција во партнерство со С. Македонија, Данска, Шпанија, Португалија и Грција.  

Олимпискиот Комитет ја претстави теоретската методологија која ќе се одвива во училишта и во спортски клубови со инклузивна прагматика во следниот период. Проектот е од големо значење за подигање на свеста за инклузивно општество и поголема вклученост на млади лица со попреченост во спортот.

mon 3