Назад
Завршена обуката за Напреден спортски менаџмент на класа 2022/23

Претседателот на МОК, Даниел Димевски им додели дипломи на сите оние кои во периодот 2022/2023 ја завршија обуката за Напреден спортски менаџмент на Меѓународниот олимписки комитет.

IMG-20231123-WA0014


По тој повод, претседателот Димевски им ја честиташе завршената обука на сегашните и идни спортски административци и истакна дека: 

“Без врвна спортска администрација и врвни експерти во областа на спортскиот менаџмент, невозможно е да се постигнат врвни спортски резултати. На спортистите мора да им се обезбедат врвни услови за тренинг и натпревар, а нивните тренери треба да ги тренираат спортистите односно да ги подигнат нивните спортски перформанси за да постигнат врвни спортски резултати. Се друго, мора да биде изработено на највисоко ниво од страна на едуцирана и врвна спортска администрација.“ 

IMG-20231123-WA0020


Инаку оваа обука водена според стандардите и правилата на Меѓународниот олимписки комитет се состои од модули кои се однесуваат на Организација на Олимписки и спортски организации, Спортскиот маркетинг, Стратешкиот и финансискиот менаџмент и менаџмент на човечки ресурси, организација на големи спортски настани, анти-допинг програми и работа на Спортско Арбитражниот суд.