Назад
Договор за стратешко партнерство МОК – Каливита Македонија

Денеска во просториите на МОК се потпиша Договор за стратешко партнерство помеѓу MOK  и "Каливита Македонија". Договорот го потпишаа претседателот Даниел Димевски и Александар Апостолов, претставник на реномираната и светски присутна компанија, Каливита.


Како многу успешна компанија, спонзори се на голем број Олимписки медалисти ширум светот.


Нивната филозофија е едноставна: да се води здрав животен начин, да се биде активен, да се храните правилно и да се чувствувате добро во секое време! Во 21 век, овој концепт е комплетиран со конзумација на додатоци во исхраната со врвен квалитет.


Се потпиша договор за соработка на повеќе полиња, имајќи ја во предвид тесната соработка на Каливита со спортистите преку суплементите од својот широк спектар на производи.


Главниот мотив и крајна цел на ова партнерство е нашите спортисти да имаат оптимални услови, вклучително и суплементација за постигнување на врвни спортски резултати.