Вчера во ОЦ Јане Сандански се одржа Гала вечер на Интернационални Танцови Спортски натпревари во рамките на Светската Танцова Спортска Федерација (World DanceSport Federation – WDSF).
Публиката уживаше во прекрасните изведби на Танцови Спортски Двојки, Солисти и Формациски Тимови од Светските ранг листи во Стандардни, Латиноамерикански и Модерни Спортски Танци.
На сцената се појавија натпреварувачи од 25 земји.
Претседателот на МОК, Даниел Димевски во друштво на претседателот на ТКС Прима Данца, д-р. Влатко Павлески го отвори овој гламурозен настан кој од година во година израсна во престижна спортска манифестација.