Партнерството на проектот Гамес во Прага го одржа редовниот состанок со цел размена на искуства околу имлементацијата на националните акциски планови за родова еднаквост. Претставници/чки од Олимписките Комитети на Ирска, Турција, Грција, Латвија, Чешка, Германија и Белгија ги споделија добрите практики, предизвици и следни чекори со цел исполнување на целите на планот. Финалната конференција во рамки на овој проект е закажана за месец март во Брисел.
Националниот акциски план на ОКСМ за првпат досега ќе претстави т.н квоти односно минимум на родова застапеност во структурата на Комитетот и своите членки-федерации.

