Сојузот на спортови на Скопје денеска на церемонијата која се одржа во СЦ „Јане Сандански“ ги додели наградите „13 Ноември“ на најуспешните спортисти во градот за тековната година.
Наградата „13 Ноември“ за спортист на Скопје му припадна на Бобан Илијоски, нашиот кик-боксер кој стана европски шампион. Со награди „13 Ноември“ се закитија и Ива Пројковска, нашата интернационална фудбалска судијка, Игор Паскоски, тренер на џудо клубот Миоки Клуб Скопје, Зоран Карановиќ, генералниот секретар на Одбојкарската федерација на Македонија, Јана Серафимовска, спортски новинар, Јетон Муслиу, професор во Основно училиште, СУГС Никола Карев за прво место на Европско Првенство во кошарка – машки, како и за Владимир Богоевски, нашиот поранешен одбојкар, спортскиот директор на МОК, кој ја доби наградата за животно дело.
