Назад
ИН МЕМОРИАМ: Почина легендата на македонската кошарка, Јанко Луковски

Утрово во 77 година од животот почина поранешниот македонски кошаркарски играч и тренер на најголемите скопски клубови МЗТ Скопје и Работнички, Јанко Луковски.


Луковски по завршувањето на играчката кариера, во првата сезона како професионален тренер го водеше Борец од Велес, по што стана тренер во клубот во кој го мина најголемиот дел од својата играчка кариера – КК Работнички. Двапати ги донесе во првата А лига на поранешна Југославија, а еднаш и до финалето на Купот на Југославија (1983), кое го загуби од Цибона.


Во периодот од 1982 до 1986 година ја водеше, понекогаш самостојно, понекогаш како помошник на Русмир Халиловиќ, јуниорската репрезентација на Југославија, поточно кадетската репрезентација и младата репрезентација до 21 година, каде што тренираше играчи како што се: Дражен Петровиќ, Здовц, Паспаљ, Пецарски, Цвјетичанин, Перасовиќ, Сретеновиќ и др.


Во 2003 година основаше своја кошаркарската школа во Нови Сад, Србија.