Назад
“Родова еднаквост и застапеноста на жените на лидерски позиции во спортските организации”

На Европскиот Универзитет МОК оддржа настан во рамките на проектот GAMES на тема “Родова еднаквост и застапеноста на жените на лидерски позиции во спортските организации” кој беше отворен од страна на Претседателот на МОК, Даниел Димевски.

005



Генералниот секретар, Сашо Поповски даде краток осврт за Обуки и семинари за стекнување на основни знаења од областа на спортската администрација и менаџмент кои се од круцијално значење за сите спортски работници.


004



Беше презентиран проектот GAMES, целите и анализите кои се произлезени од истражувањето спроведено во Македонскиот Олимписки комитет како и 9 Национални федерации членки на МОК за нивната структура и поставеност на истава тема.

003


Креиран е Водич за добри практики кој има за цел да биде прирачник за конкретни активности за промовирање на родовата еднаквост на лидерските позиции меѓу Европските национални олимписки комитети.

001


Националниот акциски план кој беше претходно усвоен на Собранието на МОК беше презентиран од страна на Силвија Митевска, Претседателка на Комисијата за родова еднаквост при МОК.

Беше водена родово балансирана панел дискусија од страна на Едина Муса, а како панелисти беа присутни Ленче Алексовска Величковска, Наташа Мешковска, Сашо Димитријоски и Мартин Стефановски.


#fundedbytheeuropeanunion🇪🇺 

#gamesproject