Вчера, 18.10.2023 година во просториите на Македонскиот Олимписки комитет се потпиша договор за соработка меѓу МОК и познатиот прехранбен бренд, Слога од Кавадарци.
Компанијата Слога денес претставува модерна компанија на пазарот во Македонија што работи за задоволување на потребите на современиот потрошувач, применувајќи ги најновите знаења и стандарди за пласман на квалитетна, здрава и безбедна замрзната храна.
Новиот Златен Спонзор на МОК, препозна партнер во Македонскиот Олимписки комитет, подржувајќи ги нашите заложби за поддршка на најмладите спортисти.
Г-динот Ласко Јованов и претседателот на МОК, Даниел Димевски ја официјализираа соработката и се обврзаа во иднина само да се надградува со нови проекти.
Изјавата на г-динот Ласко Јованов по потпишувањето на договорот за соработка.