Назад
Дејан Георгиевски освои златен медал на „Загреб опен“

Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски се закити со златен медал на „Загреб опен“ од Г 1 серијата, кој викендов се одржуваше во Хрватска.

dejan 2

Олимпискиот вицепрвак во таеквондо најпрво славеше против Марко Насо од Италија, а потоа во полуфиналето беше подобар од Патрик Переира Кардосо од Бразил за на крајот да го совлада Брајан Зондероп и да освои златен медал.


Ова е второ злато за Георгиевски месецов, откако претходно беше најдобар и на турнирот Г 1 Тирана Опен.

dejan 1