Минатата недела делегација на Олимпискиот Комитет учествуваше на Форумот за родова еднаквост организиран од Асоцијацијата на Национални Олимписки Комитети на Африка што се одржа во Зелен ‘Ртска Република ( Cabo Verde).
На Форумот, координаторката на Еразмус проектот ГЕ ФОРЦЕ, Силвија Митевска, ги претстави продуктите развиени во рамки на овој проект а вклучуваат онлајн едукативна програма за родова еднаквост наменета за млади лица од спортскиот сектор и онлајн алатка за самоевалуација што може да ја користат спортски организации.
Овие две алатки се достапни онлајн и се бесплатни за користење.
Дополнително, беа претставени и останатите тековни активности и програми што Олимпискиот Комитет ги реализира во полето на еднаквоста.