
Денеска низ улиците на Скопје се одржа 19-то издание на „Виз ЕР Скопски Маратон“ со учество на преку 11.000 атлетичари од 53 земји.
Во маратонската трка (42,195 км) победи Виктор Киплагат Серем – Кенија пред неговиот сонародник Лабан Черјот и нашиот репрезентативец, Дарио Ивановски . Во женска конкуренција најбрза беше Рут Чемисто Матебо од Кенија пред нејзината сонародничка Мерци Кипкемои и Хрватката, Марија Врајиќ. Нашата Билјана Кираџиева заврши на четвртото место.
Во Полумаратонот (21,097 км) во машка конкуренција најбрз беше Бен Фелтон (В. Британија) пред Србинот , Велимир Бојовиќ и нашиот, Леонид Вандевски. Во женска конкуренција на највисокото место на пиедесталот се искачи нашата Адријана Поп Арсова додека второто и третото место им припадна на атлетичарките од Косово, Гриза Бакраџи и Наиле Сеферај.
Претседателот на МОК, Даниел Димевски додели дел од медалите на најдобрите маратонци.
