Назад
Средба со министерот Спасовски
01

Асоцијацијата на спортски новинари на Југоисточна Европа и МОК се организатори на 10. симпозиум насловен "Спортот за државата - државата за спорот" што ќе биде одржан од 24-26 ноември. Во тие рамки во тридневна посета беше Генералниот секретар на АИПС светската асоцијација на новинари, г-динот Јура Озмец, кој директно беше запознаен со целокупната организација на симпозиумот. Беше примен во работна посета на Македонскиот Олимписки комитет каде што беше запознат од претседателот Даниел Димевски со целокупните активности на МОК кои одат во насока на развој на македонскиот спорт. Меѓудругото се разговараше за унапредување и подобрување на МОК ТВ каналот.


02


Исто така беше примен и од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој со свое излагање на симпозиумот ќе зборува за активностите на министерството во елиминирањето на насилството во спортот и другите негативни работи кои се одвиваат во спортот. Министерот Спасовски искажа целосна поддршка и желба да го помогне во организиациона смисла симпозиумот од кој треба да произлезат и насоките за создавање на стратегија на Македонија за развој на спортот. Г-динот Јура Озмец и претседателотот на АИПС Југоисточна Европа, Бошко Трпески имаа и повеќе посети на спортски институции меѓу кои АМС, ФФМ како и многи други.


03


Се очекува во следниве месеци да бидат организирани повеќе средби кои што ќе придонесат за решавање на низа проблеми со кои се соочува македонскиот спорт.

04