Назад
Европски спортски конгрес

На минатонеделниот Европски Спортски Конгрес што се одржа во Гихон, Шпанија, Олимпискиот Комитет ги претстави проектите и партнерствата во делот на унапредување на родовата еднаквост.

Силвија Митевска која ја координира работата на Комисијата за жени и спорт како и тековните Еразмус проекти, ги презентираше главните активности и продукти кои се развиваат во рамки на овие партнерства. Подетално се презентираа активностите кои ги имплементираме заедно со останатите партнери во проектите GE FORCE, SWoL ( Sport Women Leaders)  и GAMES ( Guidnance to more equal leadership in sport), како и соработката со УН Вомен и амбасадата на Франција во Скопје. 


Посетете ги вебсајтовите на проектите за повеќе информации и придружете ни се на 30ти октомври на националниот настан на кој ќе разговараме околу напредокот со родова еднаквост во спортот. Повеќе информации следат наскоро.

sil