Назад
Одржана средба на Претседателите на Националните олимписки комитети од Југо-источна Европа

Претседателот на МОК, Даниел Димевски вчера, 25 Септември,  учествуваше на средбата на Претседателите на Националните олимписки комитети од Југо-источна Европа која се одржа во Љубљана, Република Словенија. На ова средба се говореше за развојот на младинскиот спорт, Олимписките игри Париз 2024, претстојните Европски младински Олимписки игри Скопје 2025, кандидатурата на Сараево за град домаќин за Младинските олимписки игри 2028 и за други работи од заеднички интерес. Беше направена и анализа на завршените Европски игри Краков 2023, но и се разговараше за следните организатори на Европските игри.

ljubljana 1

Меѓусебната соработка и можност за организација на заднички Олимписки кампови како можност за унапредување на врвниот спорт како директна помош за националните спортски федерации и Олимписките кандидати исто така беше предмет на разговор на овој состанок.

ljubljana 3