Назад
Одржана комеморацијата по повод смртта на Насе Насев

Денес во СЦ Јане Сандански се одржа комеморација по повод смртта на Олимпискиот великан, доајенот на борењето во Македонија, Насе Насев. Остави голем траг и со своите успеси ги "задолжи" помладите генерации да продолжат по неговиот пат.

Присуствуваа членови од семејството, најблиските соработници како од борењето, така и од Македонскиот Олимписки Комитет.

Васил Тупурковски, Могамед Ибрагимов, Даниел Димевски, Ванчо Чифлиганец и Дејан Богданов се потсетија на взаемната соработка и дружба со Насев.

Вечна ти слава легендо!