Назад
Oбука за воведување на родова перспектива во спортските политики
image1 (8)

Изминативе денови во Маврово се одржа обука за воведување на родова перспектива во спортските политики, поддржана од канцеларијата на УН Вомен во Скопје.

Обуката ја водеше надворешната експертка Џејн Денехи, поддржана од координаторката на Комисијата за родова еднаквост при Олимпискиот Комитет, Силвија Митевска. На работилницата се разговараше околу креирање на политики и програми на ниво на спортски клубови или федерации каде начелото за родова еднаквост е во центар на сите планови и активности. Дводневната обука опфати учесници од различни спортски федерации и спортски клубови од повеќе спортови. 

 

Оваа обука се совпаѓа со акцискиот план за родова застапеност на МОК, развиен во рамки на европскиот проект Еразмус.

image2 (5)