Мила издвојува 3 победи над Финска, Германија и Норвешка, а пораз во финалето од Бразил.
Во првото коло Мила беше подобра од Вилхемила Хаинонен од Финска со 2:0 во рунди.
Во второто коло бевме поуспешни од Лаура Гебер од Германија со 2:1 во рунди, а во полуфиналето издвојувавме победа над Каролине Гјелсвик од Норвешка исто така со 2:0 во рунди.
Во финалната борба извонредната Каролине Сантос од Бразил издвојува победа од 2:0 во рунди, иако во втората рунда резултатот беше 3:2. Ова е 4 медал годинава за Мила од најсилните Г турнири од светската лига и нови поени за олимписката ранкинг листа.
Имено Мила пред 2 дена настапи на Европското Првенство во олимписки категории каде беше 5-та, а многу блиску бевме до медал, и овојпат чехињата Петра Столбова за влакно се извлече победувајќи не тесно 2:1 во рунди.
