Назад
Постигнат нов македонски рекорд во скок во далечина

Андреас Трајковски на митингот во Инеринген Хетинген постави нов македонски рекорд во скок во далечина. Трајковски успеа да прескокне 7,91 метри и постави нов национален рекорд во дисциплината скок во далечина. 

Овој резултат на Трајковски му донесе 1.118 бодови на табелата на Светска атлетика и тоа ќе значи нов скок на Светската и Европската ранг листа. Во овој момент, Андреас е 22-ри на Европската ранг листа и 70-ти на Светската ранг листа.

IMG-20230801-WA0001