Денес во просториите на МОК се одржа еднодневна работилница со дел од персоналот на МОК, предводена од спортскиот директор Владимир Богоевски, за подигање на свеста за последиците од денешниот начин на живот на глобални рамки, како и од секојдневното деловно работење и пронаоѓање на стратегија за решавање на истите.
Оваа работилница е во рамките на проектот OCEAN на кој главна цел е намалување на јаглеродниот отпечаток, како и промовирање на добро владеење во акциите за климатски промени на истите.