Назад
Резултати од ЕМОФ Марибор 2023

Заврши настапот на нашиот репрезентативец во Џудо Никола Магдески -66 кг. на Европскиот Младински Олимписки Фестивал во Марибор - Словенија!!!

🥋Магдески во првото коло загуби против словачкиот репрезентативец Одкладај Јурак при што согласно системот за натпревари не доби право на репесажна борба. Со оглед дека оваа категорија беше една од најмасовните и најсилните нашиот натпреварувач не успеа да се избори за повисок пласман.

Сепак учеството на ваков престижен натпревар со најдобрите џудисти од цела Европа претставува пред се искуство, мотив, чест но и обврска да се продолжи со континуиран тренажен процес.


nikola 2



Стефани Делјановска предводена од својот тренер Петар Стојановски настапи во спортска гимнастика на ЕМОФ, каде во силна конкуренција од 83 натпреварувачки заврши на 73 место.

И посакуваме успех на Стефани во понатамошните натпреварувања.



01



На вториот ден од џудо натпреварите на Европскиот Младински Олимписки Фестивал (ЕМОФ) во Марибор-Словенија, нашиот претставник селектор и шеф на делегацијата М-р Дејан Мицкоски ја имаше честа да биде номиниран за доделување на награди.

Имено на свечената церемонија за доделување медали во Џудо категорија -52 кг. Жени, од страна на Мицкоски официјално беа доделени медалите и наградите на најуспешните во оваа тежинска категорија во џудо.

Ни претставува особена чест и задоволство што организаторорот ( Олимпискиот комитет на Словенија) во координација со Европската Џудо Федерација, овозможија и искажаа почит према член на Македонската делегација што укажува дека полека но сигурно рамноправно чекориме со нашите европски партнери!!!


033
034


#eyof2023mkd

#EYOFMaribor2023

#readytoshine

#eyof2023

#InspiringSportInEurope

#eyofmkd