Назад
Освоен сребрен медал на Европските игри во Краков

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал на Европските игри во Полска, откако вечерва во финалето во категоријата над 87 килограми загуби од Британецот Кејдон Луис Канингам со 2-0.


Георгиевски, кој е првиот македонски спортист со одличје на Европските игри 2023, на патот до финалето ги совлада Матиа Молин од Италија со 2-0 во првото коло, по што во четвртфиналето беше поуспешен од Украинецот Андри Харвар со 2-1. Најуспешниот македонски таеквондист и носител на сребрениот медал од Олимписките игри 2021 во Токио, во полуфиналето со 2-1 триумфираше над Шпанецот Иван Гарсија Мартинез.