Назад
Милјана Рељиќ го освои петтото место на Европските игри 2023

Милјана Рељиќ на својот прв настап на Европските игри го освои одличното 5-то место. Таа во првото коло убедливо ја победи Каролине Гјелсвик (Норвешка) со резултат 2:0. Во второто коло, Милјана загуби од веќе актуелниот вице-Европски првак Петра Столбова со 2:1, иако резултатот на крајот на борбата беше изедначен. Сепак, после судијско прегласување Чехињата продолжи понатаму и на крај стана вице Европски првак. Во борбите за бронзен медал, Милјана со сигурен настап ја совлада италијанката Кристина Гаспа 2:0, но потоа загуби против вице-светскиот првак англичанката Жадин Пауел. Честитки за Милјана, која секако во иднина со сигурност ќе постигнува високи Олимписки и спортски резултати.


002


На крајот на денот, големата привилегија и чест да ги додели медалите на најдобрите таеквондистки беше дадена на членот на координативната комисија на Европските игри 2023 и претседател на МОК, Даниел Димевски кој ги додели медалите во име на Европските олимписки комитети.


003
004