Назад
Андреас победник во скок во далечина

На Европското екипно првенство кое се одржува во Силесиа, Полска, нашиот атлетичар, Андреас Трајковски, го освои првото место во скок во далечина со скок од 7.73 метри. Овој скок е за 6 см пократок од националниот рекорд на Андреас кој го постигна на митингот во Грција.

Andreas 1



Трајковски својот најдобар скок, 7.73 метри, го оствари во вториот обид. Со првото место Андреас освои максимални 15 поени за атлетската репрезентација на Македонија, кои ќе влезат во генералното бодување на сите држави учеснички во оваа дивизија.

Andreas 3


За веб сајтот на Македонскиот Олимписки комитет ќе изјави:

-Многу сум среќен со денешната победа. Ова беше мое прво учество за Македонија на Европското тимско првенство, и имав големи цели за ова првенство. Со скокот од 7.73 метри во раните утрински часови, невообичаено време за натпревар, ми дава голема самодоверба пред следните натпревари, како Државното првенство на Македонија и Балканијадата. Се чувствувам одлично и среќно што ја претставив Македонија во најдобро светло и што донесов успех со освојувањето на првото место во скок во далечина.

Му посакуваме успех на следните натпреварувања.

Andreas 2
andreas