Назад
Трет координативен состанок на “Ge Force”

Изминатите два дена во Варшава го одржавме третиот координативен состанок во рамки на Еразмус проектот  GE Force.


Главна тема на дискусија беше подготовката на онлајн едукативната програма како и развојот на онлајн консултативен систем за само евалуација на тема родова еднаквост.


Овие две алатки наскоро ќе можат да се користат од сите спортски организации од ЕУ и пошироко. 


Следниот состанок и обука ќе се одржи на островот Сал, Зрлен ‘Рт за кој веќе распишавме повик за учесници.


Проектот е финансиран од ЕУ Комисија, координиран од  МОК а имплементиран од партнерските организации од Холандија, Ирска, Полска, Италија, Португалија и Зелен ‘ Рт.