Во ЕУ Куќа, Скопје се одржа настан на тема ,,Спортот како моќна алатка за унапредување на целите на одржлив развој,, во организација на спортската организација Спорт Соушал Солушнс.

Спортот игра важна улога во постигнувањето на целите на одржлив развој, особено кон целите за добро здравје и благосостојба, квалитетно образование, родова еднаквост, пристојна работа и економски раст како и значително придонесува кон градење на одржливи заедници и промовирање на мирни општества со зајакната социјална кохезија.

На настанот се обратија Армен Григоријан, вршител на должност постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија, Емануел Гардил, заменик амбасадорка на Франција во Северна Македонија, Весна Ивановиќ-Кастаред, раководителка на Канцеларијата на УН Вомен во Скопје, Даниел Димевски, претседател на Македонски Олимписки комитет, Ленче Алексовска-Величковска, деканка на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски.

На настанот разговараа говорниците, експертите и сите засегнати страни со цел да се изнајдат иновативни идеи и добри практики за примена на спортот како алатка за развој, инклузија, еднаквост и зајакнување на младите икреирање на посилни и отпорни заедници.
