Назад
ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН

ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН!


На сите спортисти, спортски клубови, Национални спортски федерации и асоцијации, државни и високо образовни институции, но и на сите граѓани на Република Северна Македонија, им го честитаме најголемиот христијански празник Велигден со искрени желби за многу подобри врвни спортски резултати на Европските и Светските првенства како и на следните Олимписки игри во Париз 2024.


Додека спортистите редовно ја користат својата единствена позиција, секој ден и на секој натпревар да го дадат своето најдобро, тоа мора да го сторат и сите засегнати страни во нашата држава, како што се МОК, Националните спортски федерации, Агенцијата за млади и спорт, спортските клубови, спортистите, но и граѓаните, посебно навивачите и комерцијалните партнери од приватниот сектор и високо образовните, државни и приватни институции за спорт.


Преку подобри спортски резултати, заедно и сплотени, да внесеме светлина, топлина, ведрина и среќа во животот на македонските граѓани и заедно да се радуваме на нашите врвни спортски успеси.


ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!


ПРЕТСЕДАТЕЛ

М-Р ДАНИЕЛ ДИМЕВСКИ

FB_IMG_1681645727830