
Претседателот на
МОК, м-р Даниел Димевски оствари работна средба со претседателот на
Параолимпискиот комитет, Бранимир Јовановски.
Тема на состанокот беше обезбедување на термини во Олимпискиот центар Јане
Сандански за тренинг и настап на екипата на Параолимпискиот комитет во кошарка
во колички.
Македонскиот Олимписки комитет дава огромна поддршка за иницијативата и во
најскоро време очекуваме повторна средба за потпишување на Меморандум за
соработка.
До крајот на месец март се очекуваат да пристигнат во Македонија и
преостанатите 4 колички и во најскоро време ќе се започне со континуиран
тренажен процес.