Назад
СРЕДБА СО СПИРОС КАПРАЛОС, ДОГОВОРЕНИ НОВИ ПРОЕКТИ

Во Фиули-Трст, Италија се одржува Европскиот младински олимписки зимски фестивал на кој присуствува и претседателот на МОК, М-р Даниел Димевски, кој го искористи овој настан, со претседателот на Европските олимписки комитети, Спирос Капралос од Грција, да договори нови проекти и нова поголема финансиска помош за македонскиот спорт.

Исто така, тој заедно со претседателот на ЕОК, Спирос Капралос, доделија медали на младите спортисти н натпреварите во уметничко лизгање. Претседателот на МОК, Даниел Димевски и како заменик претседател на Комисијата за Маркетинг на ЕОК имаше свои активности во име на Европските олимписки комитети.