Од 21 до 28 јануари 2023 година, во регионот Фриули Венеција Џулија, се одржува Европски олимписки фестивал за спортисти на возраст од 14 до 18 години.
Фриули Венеција Џулија, Австрија и Словенија ќе организираат големо европско натпреварување во кое ќе учествуваат 14 зимски спортови. Наши претставници ќе имаме во уметничко лизгање и тоа Милена Милојевиќ со нејзиниот тренер Даниела Стоева, алпско скијање со Јана Атанасовска, Јаков Добрески и тренерот Александар Атанасовски, крос-кантри каде што се Благоја Најденоски и Давид Торевски предводени од Борче Јованоски и во биатлон го имаме Петар Спасовски предводен од тренерот Велко Лозаноски.
Им посакуваме успех на младите македонски спортисти.