ОДРЖАН ТРЕТ КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ ВО СПОРТОТ

Изминатите денови во Истанбул се одржа третиот координативен состанок во рамки на проектот GAMES(Guidance to achieve more equal leadership in sport), предводен од канцеларијата на Европскиот Олимписки Комитет во Брисел.


Централна тема беше подготовката на акциските планови за подобрување на родовата застапеност на раководни позиции кои треба да се имплементираат од националните олимписки комитети членки на проектниот конзорциум.


Олимпискиот Комитет во наредниот период ќе организира јавен настан на кој ќе се презентира деталниот акциски план за унапредување на родовата еднаквост во спортот.

#fundedbytheeuropeanunion

#genderequality