Македонската ракометна репрезентација доживеа нов пораз на Светското првенство, откако и во третиот настап во групната фаза доживеа убедлив пораз, овој пат од Аргентина со 35-26. По двата убедливи порази од Норвешка и Холандија, избраниците на Лазаров одиграа уште еден слаб натпревар.
Најефикасен во составот на Македонија беше Талески со 5 голови, Кузмановски и Пешевски постигнаа по 4. За Македонија сега останува само да се обиде да го поправи впечатокот на дуелите од т.н. Президент Куп во Плоцк, каде не очекуваат Алжир, Тунис и Мароко за противници во разигрувањето за пласман од 25. до 32. место.