Во Приштина претседателите на Македонскиот, Францускиот, Црногорскиот, Албанскиот и Косовскиот олимписки комитет потпишаа договор за соработка со кој се обврзуваат за многу поблиска соработка во областа на врвниот спорт, обука на тренери, спортската администрација, спортската медицина, анти-допинг програми, обука на тренери, како и поттикнување на Националните спортски федерации на меѓусебна поблиска соработка.
М-р Даниел Димевски, претседател на МОК, Брижит Енрик/Жан Пјер Ситат (Франција),Фидел Или (Албанија), Исмет Красниќи (Косово), Душко Симоновиќ/Игор Вучуровиќ го потпишаа овој договор со обврска за итна имплементација на истиот во пресрет на ОИ ПАРИЗ 2024, но и во однос на ОИ Лос Анѓелес 2028 и Бризбејн 2032, како и ЗОИ Милано 2026.
Во оваа прилика, Претседателот на МОК, М-Р Даниел Димевски, по потпишувањето на Договорот истакна дека “Сите заедно делиме иста идеја, исти искуства и сите сакаме да го направиме нашиот спорт многу подобар, со многу подобри врвни резултати, а Франција како светска спортска велесила ќе даде посебен придонес кон развојот на врвните спортски резултати на нашите спортисти. Заедно ќе бидеме посилни и во ситуации на заедничка кандидатура односно организација на врвни мулти-спортски меѓународни настани и секако размената на искуства и знаења ќе биде од огромна корист за сите нас“.