Македонската ракометна репрезентација доживеа нов пораз на Светското првенство во Полска. Загубивме од Холандија со 34-24, иако во мечот влеговме полни со ентузијазам дека може да се бориме за добар резултат.
Холанѓаните беа супериорни во однос на нас и заслужено дојдоа до високата победа. Уште во првото полувреме дозволивме да завршиме со негатива од високу 7 гола, а во вториот дел само за момент успеавме да дојдеме на минус 4 и потоа во една минута да примиме 4 гола и да го потврдиме триумфот на „лалињата“.
Најдобри стрелци за Македонија беа Кузмановски и Пешевски со по четири гола, додека Смитс беше незадржлив со 10 гола кај Холандија. За нас, последниот натпревар од групата и одлучувачки за пласман во следната фаза е утре од 18 часот против Аргентина.