Назад
ГЛОБАЛ ХЕНДБОЛ САМИТ 2023

Изминативе неколку денови, поточно од 04-08 јануари, во Скопје се одржа голем ракометен собир. Global Handball Summit 2023 ги собра на едно место Давид Дејвис, Ненад Шоштариќ, Лино Червар, Кире Лазаров, Серхио Санчез, Антонио Карлос Ортега, Матс Олсон, Марија Лојаница, Славе Николов и Ѓорги Начевски и др. Присутните навистина имаа што да слушнат и видат во теоретскиот и практичниот дел.

Настанот го отвори Генералниот секретар на МОК, проф. д-р Сашо Поповски. Учество на самитот зедоа голем број наши тренери и спортски работници. Практичниот дел и показните вежби се одржаа во Олимпискиот центар Јане Сандански.
Претседателот на МОК, м-р Даниел Димевски ги додели сертификатите на предавачите и учесниците на самитот кој беше под покровителство на Македонскиот олимписки комитет.

Фото:
Денис Дуковски
ФБ страна Global Handball Summit 2023