ЖЕНИТЕ ВО СПОРТОТ – АКТИВЕН И ЗНАЧАЕН ДЕЛ ВО СТРАТЕГИЈАТА НА МОК
Македонскиот Олимписки Комитет вчеравечер на свечената манифестација ,,Златна Олимпија,, ги прогласи најуспешните жени во спортот. Втората едиција ,, Златна Олимпија,, на едно место ги обедини најдобрите спортистки и спортисти, спортски менаџерки, спортски новинарки, женски тренери и судијки, но и претставници на Националните спортски федерации, амбасадори, претставници на македонската Влада, министри, поранешни премиери и други. На самиот почеток на настанот се додели признание на легендарните ракометарки од Кометал Ѓорче Петров, чија историска победа и Европска титула оваа година слави 20 години. Претседателот на Макеоднскиот Олимписки Комитет, м-р Даниел Димевски за особен придонес во развој на спортот му додели и на поранешниот Претседател на макеоднската Влада, г-дин Зоран Заев.
,,Златна Олимпија,, е кулминација на спортските достигнувања и успешните приказни на спортистките и жените во спортот за 2022 година. Преку овој настан се реафирмира заложбата за постигнување родова еднаквост како и еднакви можности, еднаков пристап до ресурси и еднаква поддршка за сите спортистки и спортот во женска категорија.
Прогласени добитници на наградата Златна Олимпија 2022:
Најдобра млада спортистка- Јадранка Темелкова (кикбокс)
Најдобар женски тренер-Симона Заборска (карате)
Најдобра женска репрезентација- Женска фудбалска репрезентација до 17 години
Посебно признание за животно дело – проф. Д-р. Ленче Алексовска-Величковска
Спортски подвиг за 2022- Катерина Шиповиќ (ултрамаратон)
Најуспешна спортска новинарка- Марија Ковачева
Најуспешна спортска менаџерка- Ирена Митровска (кик-бокс)
Најдобра судијка, Ивана Пројковска (фудбал)
Најдобра спортистка со попреченост, Оливера Наковска-Бикова (стрелаштво)
Најуспешна спортистка за 2022 година е Адријана Поп-Арсова (атлетски маратон)