Денес во хотел Парк се одржа Форумот на спортисти, 2022 година во чии рамки се разговараше околу застапеноста на спортистите во процесите на одлучување и креирање на спортски политики.
Искусни спортисти и спортистки, претставници на националните спортски федерации и експерти дискутираа околу унапредување на работата на Комисијата за спортисти и клучната улога во застапување на интересите на спортистите.
Дел од заклучоците и следни чекори
1. Формирање на Комисија за спортисти во сите национални спортски федерации
2. Поголема информираност и едукација околу правата на спортистите
3. Проактивна работа и креирање на програма на Комисијата за спортисти при МОК за 2023
Спортистите се во срцето на Олимпиското движење и сите политики треба да се креираат во согласност со нивната перспектива.







