Дејан Георгиевски на лична покана учествуваше на финално ГРАНД ПРИ во Саудиска Арабија, Со три победи, над Мартинез од Шпанија (актуелен сребрен медалист од СП) победа со доминација, над Икарио од Бразил (прв носител на турнирот) победа со доминација и победа над Душебаев од Казакстан дојде до историска бронза и нови 33 исклучително значителни бодови за олимписката норма!
Финалниот турнир ГРАНД ПРИ е најелитен таеквондо турнир веднаш после олимписките игри, на истиот имаат право да учествуваат само 16 најдобро рангирани во Светот, во олимпискиот официјален ранкинг по категорија.