Назад
КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК НА ЕРАСМУС + ПРОЕКТОТ SWOL (WOMEN LEADERS)

Минатите два дена МОК учествуваше на координативниот состанок на Ерасмус+ проектот SWOL (Women Leaders) што се одржа во Лил, Франција.

На состанокот се дискутираше околу податоците добиени од истражувањето за родово-базираната дискриминација во спорт односно нееднаквиот пристап на жени до раководни позиции во спортските организации. Истражувањето се спроведе во четирите држави Италија, Португалија, Франција и Македонија а ќе послужи за креирање на документ со добри практики, со цел подобрување на моменталната состојба.

Следете нè за повеќе информации.