Денеска, во ООУ Лазо Ангеловски се оддржа за прв пат во нашата држава настанот Ласер Ран Скопје 2022 на кој што учествуваа 150 учесници. Учесниците беа на возраст од 9 до 14 години и се натпреваруваа во ласерско пукање и трчање. Овој настан е организиран од страна на Модерен Пентатлон Асоцијацијата на Северна Македонија, во соработка со Македонски Олимписки комитет, општина Аеродром и ООУ Лазо Ангеловски.
Ласер ран претставува почеток на уште една успешна приказна која се надеваме дека ќе се одржува секоја година со се поголем број на учесници, почнувајќи од 9 до 70 години.